Карло Анчелоти вели дека не го видел моментот кога Белингем му се налути на Винисиус и „урлаше“ по својот соиграч, но додава дека Англичанецот има мадиња за да направи нешто вакво.
На синоќешниот дуел помеѓу Селта и Реал Мадрид, Џуд Белингем имаше замерки за Винисиус Жуниор, сметаше дека Бразилецот бил себичен.
Во финишот на првиот дел, Винисиус реши да шутира наместо да пушти топка во петерецот каде што беше Џуд Белингем, па Англичанецот гневно реагираше и „урлаше“ на својот соиграч.
Again, Jude Bellingham pic.twitter.com/BizzDJfSm5
— JACE (@Jace_mcfc) October 19, 2024
По крајот на натпреварот, Карло Анчелоти се правдаше дека не ја видел убаво целата ситуација, но додаде дека Џуд Белингем има мадиња за да направи нешто вакво.
„Не ја видов акцијата за која зборувате, но ако го направил тоа, значи дека има мадиња, има каректер и тоа е добро. Искрено, не ја видов акцијата, ќе мора да ги погледнам повторените снимки. Сепак нема простор за загриженост, по крајот на натпреварот ги видов како разговараа, се смееја. Нема никаков проблем помеѓу двајцата“ – рече тренерот на Реал Мадрид.