Германецот Феликс Цвајер ќе ја дели правдата на второто полуфинале на Европското првенство помеѓу Англија и Холандија, Џyд Белингем си имаше доста мака со овој судија кога играше во Борусија Дортмунд.
УЕФА го одреди Феликс Цвајер за главен судија на натпреварот помеѓу Англија и Холандија.
За арбитарот од Германија, ова ќе биде четврти меч на Европското првенство, претходно ја делеше правдата на пресметката помеѓу Италија и Албанија во првото коло, победата на Португалија над Турција во второто коло, како и дуелот помеѓу Холандија и Романија во осминафиналето.
По одлуката на Европската куќа на фудбалот, сите се приседија на епизодата од пред неколку години, кога Џуд Белингем си имаше мака со овој судија кога беше дел од Борусија Дортмунд.
Англичанецот доби казна од 40.000 евра во 2021 година, кога по еден пораз во дербито со Баерн Минхен рече: „Што очекувате од некој кој мстел натпревари?“
Фудбалерот од средниот ред зборуваше за ситуација од 2005 година, кога судијата Феликс Цвајер беше суспендиран на шест месеци откако призна дека земал пари за да влијае врз резултат на натпревар.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.