„Белингем ми кажа дека во Реал Мадрид има млад играч кој е малку подобар и од него!“

by bojan
1 минути читање
Белингем

Човекот кој стои зад наградата „Златно момче“, Масимо Франки откри што му кажал Џуд Белингем, Англичанецот смета дека Арда Ѓулер е поголем талент и од него.

Весникот „Тутоспорт“ повеќе од 20 години ја доделува наградата „Златно момче“ за најдобриот фудбалер во Европа под 21 година.

Последниот трофеј му беше доделен на Џуд Белингем, кој во Дортмунд, а и сега во Реал Мадрид блеска со своите партии.

Човекот кој стои зад наградата „Златно момче“ сега сподели еден разговор со Агнличанецот.

„Во декември минатата година, Џуд ми кажа дека во Реал Мадрид има фантастичен млад играч, кој можеби е малку подобар и од него! Тоа момче е Арда Ѓулер“ – раскажува Масимо Франки. „Правел неверојатни работи на тренинзите“.

Младиот Турчин синоќа уште еднаш покажа дека има огромен потенцијал и постигна прекрасен гол во победата од 3-1 над Грузија на Европското првенство.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани