Белингем ја дознал казната за непристојниот гест против Словачка

by bojan
1 минути читање
Белингем

Како што пренесува Билд, УЕФА ќе му прогледа низ прсти на Џуд Белингем и само ќе го казни парично за непристојниот гест на натпреварот против Словачка.

Англија сепак ќе може да смета на Џуд Белингем против Швајцарија во четвртфиналето на Европското првенство.

Како што пренесува Билд, УЕФА ќе му прогледа низ прсти на фудбалерот од средниот ред за непристојниот гест на натпреварот против Словачка.

Па наместо ѕвездата на Реал Мадрид да добие суспензија, ќе помине само со парична казна, сумата ќе биде со пет цифри.

Камерите го уловија Џуд Белигем како прави непристоен гест при прославата на голот за 1-1 во 95. минута и се веруваше дека гестот е во правец кон клупата на Словачка.

Самиот играч веднаш го демантираше ова и се правдаше дека само се работело за интерна шега со пријатели кои биле на трибините.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани