На Џуд Белингем му дојде преку глава од пишувањата дека тој е еден од оние фудбалери на Реал Мадрид кои биле проблем во соблекувалната.
Одамна се пишуваше дека односот на Белингем со Алонсо не е идеален, а откако Шпанецот доби отказ, англискиот фудбалер се посочуваше како еден од оние кои имале влијание за тоа да се случи.
Медиуми гиганти како „ЕСПН“ и „Атлетик“ напишаа дека Винисиус, Белингем и Валверде се фудбалерите кои му го свртеле грбот на Алонсо и негативно влијаеле во соблекувалната.
На Белингем му дојде преку глава од ваквите тврдења, па преку својата апликација се јави на оваа тема за да каже што тој мисли.
„Досега дозволив премногу од овие (сликите) да се појават, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина во свое време. Но искрено, какви се овие го*на. Навистина ми е жал за луѓето што веруваат на секој збор на овие кловнови и нивните „извори“. Не верувајте во се што ќе прочитате, овие треба да одговараат за ширење на секаков вид на штетни дезинформации за кликови и да предизвикуваат дополнителна контроверзност“, напиша Белингем објавувајќи слики.


