Белгијците претпазливи: Македонија нè изненади во Скопје, но веќе нема простор за грешки!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија со мислите е целосно насочена кон Белгија и натпреварот од квалификациите за следниот Мундијал.

Откако во Скопје ги изненадивме Белгијците и освоивме голем бод, сега во нивниот табор се доста попретпазливи. Најголемата ѕвезда на тимот Кевин Де Брујне нагласи дека за нив повеќе нема простор за грешки.

На првиот натпревар против Македонија не бевме на нивото на кое треба да биде една репрезентација од наш ранг. Противникот одигра паметно и заслужено освои бод. Сега сме свесни дека нема простор за нови грешки. Подготвени сме, целосно фокусирани и знаеме колку е важно да ги освоиме трите бода“, изјави Де Брујне.

Освен него, за натпреварот зборуваше и искусниот бек Тимоти Кастањ кој исто така беше претпазлив.

Тешко ми беше да го гледам првиот меч против Македонија од далечина и да не можам да помогнам на соиграчите. Не очекувавме дека ќе бидат толку агресивни во дуелите и борбата за втора топка. Таму малку не изненадија. Но сега сме многу подобри, научивме што точно бара од нас селекторот и верувам дека ќе се прикажеме во вистинско светло. Македонија има квалитетен тим и нема да биде лесно. Но ако одиграме со концентрација и ја наметнеме нашата игра, верувам дека ќе го завршиме овој октомвриски циклус на вистински начин“, изјави Кастањ.

Натпреварот меѓу Белгија и Македонија се игра вечерва во терминот од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×