Белгијците пречекани како херои во својата земја, фановите го скандираа името на Азар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Белгиската
репрезентација се врати во својата земја, а фановите излегоа на улиците да ги
поздрават своите херои и да им порачаат дека се горди на тој успех.

Црвените ѓаволи
вчера славеа со 2-0 во битката за третото место на турнирот во Русија, откако
беа подобри од Англија со головите на Муние и Азар, овој вториов имаше посебен
пречек во својата земја откако фановите го скандираа неговото име, а на тоа се
приклучија и неговите соиграчи кои може да се забележат во позадина на видеото
кое го сними фудбалерот на Челси.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/Eb8XH9De9d

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани