Белгија со минимално водство на полувремето, Англија тешко воспоставува баланс на теренот

by
2 минути читање

Белгија има
минимално водство од 1-0 против Англија на полувремето, во мечот за третото
место на Светското првенство, ова е втора нивна пресметка на турнирот во Русија
откако претходно се сретнаа и во групната фаза, а Белгијците славеа минимално.

Уште по само
четири минути игра Чадли упати опасен центаршут во казнениот простор на
противникот, на истата налета Муние кој немаше многу проблеми да ја смести
топката во мрежата од голот на Пикфорд, кој речиси и да немаше прилика да
интервенира во оваа ситуација.

Потоа за Англија
беше тешко да се врати, а Белгијците го искористија тоа, па во 12. минута
следеше нова можност за гол, и тоа преку Де Брујне кој најпрво се избори за
простор да бие, на крајот тоа и го направи но Пикфорд имаше лесна задача откако
ударот не беше доста конкретен.

Во 24. минута
Англија ја имаше својата шанса, не толку сериозна, но ќе ја вброиме како шанса,
откако Кејн прими топка во опасната зона, но неговиот обид беше непрецизен и
топката помина крај левата статива.

Последната шанса
во првото полувреме ја имаше Алдервирелд кој во 35. минута од близина на
противничкиот гол биеше непрецизно.

Од првото полувреме ќе сумираме дека Белгија е поконкретна на теренот, иако поседот на топката е на страната на другата селекција, а речиси израмнето е и во однос на обидите.

Англичаните тешко воспоставуваат баланс во играта со својот противник, а ќе потсетиме и дека селекторот на Гордиот Албион, Герет Саутгејт реши мечот во Санкт Петербург да го почне со речиси целосно променет среден ред во однос на претходните натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани