Белгија сигурна во Вадуц, Словачка ја шокира Германија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Белгија очекувано славеше висока победа на гостувањето кај Лихтенштајн со 0-6 во квалифиската група на патот кон Светското првенство во која игра и Македонија.

Домаќинот добро се држеше во првиот дел кога прими само еден гол, но во продолжението следеше вистинска голеада. Стрелци беа Де Кујпер, Тилеманс двапати, Теат, Де Брујне и Фофана.

Сензацијата на вечерта ја направи Словачка која во Братислава ја совлада Германија со 2-0. Ханцко во финишот на првото полувреме и Стрелец на почетокот на второто донесоа историски триумф за Словаците.

Во дербито во Ротердам на култниот „Де Кајп“ домаќинот Холандија и Полска одиграа 1-1. Дамфрис донесе предност за „лалињата“, а Кеш израмни во самиот финиш со убав погодок.

Шпанија без мака си ја заврши задачата во Софија и со три гола во првото полувреме ја победи Бугарија (0-3). Стрелци на головите за европскиот првак беа Ојарзабал, Кукуреља и Мерино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×