Белгија си ја заврши работата во Кардиф, го победи Велс и обезбеди Светско!

by riste
1 минути читање

Белгиската репрезентација ја прескокна Македонија на табелата откако со 4-2 славеше на гостувањето во Велс, Белгијците практично го обезбедија местото на Светското првенство.

Велс одлично го почна мечот, со гол на Родон во осмата минута дојде до водство од 1-0, но радоста не траеше долго.

Десет минути подоцна Де Брујне од пенал израмни на 1-1, а веќе во 24. минута Белгија водеше откако Муние даде гол за 2-1.

Во 76. минута Де Брујне погоди за предност од 3-1, Бродхед во 89. минута намали на 3-2, а во следната реализираше Тросар за конечни 4-2.

Белгија е прва со меч помалку од нас, до крајот играат со Казахстан и Лихтенштајн, па треба да се случи вистинска сензација за да не останат на првата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×