Белгија успеа да победи, но тоа го направи многу потешко од очекувањата, Белгијците се вратија од два гола негатива, победија со 3-2 со гол во 94 минута на Чадли.
Белгијците напаѓаа речиси во текот на целиот натпревар, а Јапонија беше опасна од контра напади.
Сите пет погодоци беа постигнати во второто полувреме, а се почна со гол на Харагучи во 48. минута, само четири минути подоцна Инуи постигна прекрасен погодок од далечина за водство од 2-0.
Но Белгија успеа да се врати, во 69. минута Вертонген постигна случаен гол со глава и намали на 1-2, пет минути подоцна Фелаини исто така со глава реализираше за израмнување на 2-2.
2-2 беше долго време, Јапонија во судиското продолжение нападна, и тоа се покажа дека не беше најпаметно, по една одлична контра Чадли реализираше во 94. минута за победа на Белгија од 3-2.
Белгија е поквалитетна имаше повеќе од играта, создаде повеќе шанси и на крајот заслужено се радуваше на победата, но Јапонија може да жали бидејќи не многу репрезентации пропуштаат предност од 2-0.
Белгија во четвртфиналето ќе игра против Бразил кој денеска беше подобар од Мексико со 2-0.