213
Тешко минаа првите 45 минути игра за Белгијците во дуелот против аутсајдерот Панама, нивната игра не беше баш за пофалба, или практично се мачеа како да го отворат мечот во своја полза.
Само две минути им беа потребни да дојдат до водство во второто полувреме, откако со голот на Мертенс, кој погоди со волеј удар, конечно го скршија отпорот против Панама, барем засега.
Ќе додадеме дека во истата група „Г“ вечерва (20 ч.) се среќаваат Англија и Тунис.