825
Репрезентацијата на Белгија денеска доби нов селектор кој ќе ја води оваа репрезентација во квалификациите за Светското првенство каде што ќе игра и против Македонија.
Под водство на селекторот Тедеско во финишот на неговиот мандат: Кевин Де Брујн, Тибо Куртоа и Ромелу Лукаку не играа за репрезентацијата, но со Гарсија тоа веројатно ќе се промени.
„Со сигурност ќе патувам во Мадрид, Манчестер и Неапол за да разговарам со фудбалерите кои можат повторно да не направат светска фудбалска сиула. Секогаш сум верувал дека со најдобрите играчи може да се работи“, изјави Гарсија.