Белгија одигра реми во Казахстан, Македонија уште има шанси за прво место, но – ни треба Светско чудо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Казахстан ја изненади Белгија и освои бод во Астана (1-1) во предпоследното коло од квалификациите за Мундијалот.

Домашниот тим уште рано поведе преку Дастан Сатпаев и со цврста игра успеа да му парира на големиот фаворит. Белгијците напаѓаа во континуитет, но голманот Темирлан Анарбеков беше без грешка и ги спречи нивните обиди.

По паузата Ханс Ванакен донесе израмнување, но и покрај доминацијата до крајот гостите не успеаја да направат комплетен пресврт. Казахстан издржа иако од 79. минута играше со играч помалку по исклучувањето на Чесноков.

Ова реми остава само минимални математички шанси за Македонија во борбата за првото место. Нашата селекција заостанува два бода зад Белгија, која во последното коло го пречекува Лихтенштајн, а ќе се паметат и киксовите на домашен терен што ја одредија ситуацијата во групата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×