Јасно беше кој е кој пред да почне натпреварот, а тоа што се очекуваше и се оствари. Белгија доминираше на теренот и оствари убедлива победа.
Белгијците тргнаа во напад од првата минута, создадоа шанси преку Мертенс, Азар, Де Брујн, но голманот на Панама Панедо одлично бранеше и ја одржуваше својата земја во живот.
Но, со самиот почеток на второто полувреме беше скршен отпорот на Панама, Дрес Мертенс постигна гол со прекрасен волеј за водство на Белгија од 1-0.
Работите и по водството не се променија, Белгија атакуваше на гол повеќе сакајќи да го реши мечот порано. Вториот гол стигна во 69. минута кога Лукаку реализираше со глава за 2-0.
Шест минути подоцна нов гол на Лукаку, Азар асистираше, а напаѓачот на Манчестер јунајтед со мајсторски лоб ги постави конечните 3-0.
Во финишот од натпреварот Панама ќе постигнеше гол од својата половина, но Куртоа одбрани во последен момент.
Во следното коло Белгија игра против Тунис, а Панама со Англија.