И додека
најголемиот дел од репрезентациите пристигнаа во Русија, Белгија вечерва пред
своите фанови ги финишираше подготовките за мундијалот со пресметка против Костарика.
Гостите поведоа во
24. минута, Брајан Руиз закачи волеј од врвот на шеснаесетникот и погоди прецизно крај стативата за
0-1. Сепак, домаќините го свртеа
резултатот во своја корист уште во првиот дел. Најпрво Мертенс изедначи на 1-1
за потоа фудбалерот на Наполи да му асистира на Лукаку за 2-1.
На стартот од
вториот дел голгетерот на Мначестер јунајтед погоди за 3-1, а конечниот
резултат го потави Батшуаји на асистенција на Лукаку.
Роберто Мартинез
може да биде задоволен од изданието на неговите избраници, но сигурно ќе биде
загрижен за повредата на скочниот зглоб на Еден Азар, кој во 70. минута со
поткривнување го напушти теренот и право замина во соблекувалната.
Претходно на
повреда се пожали и Мертенс, кој по само пет минути во вториот дел беше
повлечен од игра и беше забележан како држи мраз на бутниот мускул.