Во вечерниот
термин од 20 часот Англија и Белгија ќе одиграат директна пресметка за првото
место во групата „Г“ од Светското првенство во Русија, обете репрезентации
стартуваа со по две победи, над Тунис, односно Панама, а имаат и еднаква гол
разлика 8-2.
Ќе биде интересен
дуел во Калининград каде главен арбитар ќе биде словачкиот арбитар Скомина, а
во однос на Белгија, селекторот Мартинез извесно е дека нема да го има на
располагање првиот стрелец на составот, Лукаку.
Лукаку се здоби
со повреда на претходниот меч, па беше најавено дека неговиот настап против
Гордиот Албион е под знак прашалник, напаѓачот на Манчестер јунајтед со 4
погодоци е на делба на второто место на листата на стрелците на Мундијалот
засега заедно со Роналдо, а прв е Кејн со 5 погодоци.
Токму Кејн се
најавува дека ќе стартува на вечерашниот натпревар, се шпекулира дека тој не
сака да биде одморен за оваа средба.