Белгија го прекина фудбалското првенство и го прогласи Бриж за нов шампион

by
1 минути читање

Сите фудбалски првенства во Европа се на пауза освен шампионатот на Белорусија каде се игра фудбал.

Додека другите го чекаат развојот на ситуацијата со коронавирусот и прават плановите како да ја завршат сезоната, Белгија прва пресече.

Бордот на директори на првата белгиска лига со анонимно гласање одлучи сезоната да биде прекината а шампионската титула да ја добие Клуб Бриж.

Клуб Бриж има 15 бодови пред вториот на едно коло до крајот на регуларниот дел на првенството во Белгија кое има и плејоф. Овој пат тој нема да се одигра, а тие се новите шампиони.

Останува да видиме дали и други земји ќе го следат примерот на Белгија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×