643
По напорната сезона во Англија, Арсен Венгер инсистира Белерин да не прифати повик за настап на Европското првенство до 21 година за шпанија.
Но фудбалерот нема намера да го послуша и вели дека ако се најде на списокот на селекторот сигурно ќе настапи на шампионатот во Полска.
„Навистина сакам да играм. Многу ми значи да ја претставувам Шпанија, доколку добијам повик од селекторот сигурно ќе играм“ – вели Белерин.
„Мислењето на Венгер е поинакво, но тоа е само негово мислење. Вистина е дека имав тежок период по повредата, но сега сум максимално подготвен“.
На ЕП до 21 година, Шпанија се наоѓа во групата со Македонија, Србија и Португалија.