Беласица се засили со уште две имиња пред пролетта во ВМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Струмичка Беласица продолжува со засилувањата во пресрет на пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ, откако во своите редови донесе уште двајца нови фудбалери.

Нов член на второлигашот е Ерион Шуку, централен офанзивец од кого се очекува да внесе дополнителна креативност и поголем квалитет во нападот. Тој во Беласица пристигнува од редовите на Шкупи.

Покрај него, струмичани го ангажираа и Бујар Иљази кој настапува на крилната позиција. Негов последен клуб беше Шкендија Арачиново, а во Беласица веруваат дека и тој ќе претставува сериозно освежување во ростерот.

Амбициите на струмичкиот тим остануваат високи, а со новите имиња раководството се надева дека ќе добие дополнителен импулс во битката што следува во продолжението од шампионатот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×