152
Шкендија на овој натпревар играше без дел од своите најдобри фудбалери кои ги одмараше за реваншот против Розенборг. На крајот целта ја оствари, ги освои трите бода, иако мечот не почна најдобро за нив.
Беласица поведе по само десет минути игра со гол на Ирфан Вусљанин, но радоста на Струмичани не траеше многу.
Изаир Емини во 35. минута погоди за изедначување на 1-1, а четири минути подоцна Жуниор реализираше за комплетен пресврт и водство на Шкендија од 2-1.
Во вториот дел Емини даде уште два гола за негов хет-трик и убедлива победа на актуелниот шампион од 4-1.
За Шкендија ова беше прва победа во оваа сезона, во претходните две кола одиграа нерешено со Вардари Македонија Ѓорче Петров.