Беласица ја победи Брегалница среде Штип!

by riste
1 минути читање

Амбициозната Брегалница претрпе удар откако на свој терен загуби со 0-1 од Беласица, Шкендија Арачиново со 2-1 славеше кај Вардар Неготино, Охрид со 1-0 го победи Скопје.

Брегалница не успеа да го искористи домашниот терен за да прокнижи три бода против Беласица која исто така има амбиција за влез во Првата лига. Бодовите денеска заминаа за Струмица.

Поразот на штипјани го искористи Шкендија Арачиново која веќе направи разлика на првото место. Тие денеска со 2-1 славеа против Вардар во Неготино.

Дерби се играше и во Охрид каде домаќините со 1-0 го совладаа Скопје.

Најефикасен беше мечот меѓу Преспа и Големо Коњари, на овој меч домашниот тим славеше со 4-2.

Најубедлива победа забележа Новаци кој со 4-0 ја совлада Слога Виница.

Немаше голови на дуелот меѓу Кожуф и Осогово, нерешено заврши и мечот меѓу Каменица Саса и Детонит, но беше 2-2.

По 12 одиграни кола прва е Шкендија Арачиново со 32 бода, следуваат Брегалница и Охрид со по 27, Беласица има 25, Скопје 23…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×