251
Eкипата на Беласица продолжи со одличните настапи од почетокот на првенството и во единствениот натпревар денеска од шестото коло славеше победа над Тетекс со 0-1.
Одлучувачкиот момент на наатпреварот се случи уште во почетните минути кога Бојан Спиркоски ја погоди мрежата на тетовскиот состав.
Во продолжение натпреварот помина со повеќе игра на средината од теренот и со малку шанси.
На табелата со овие три бода Беласица се израмни со Брегалница со по 16, потоа следи Шкендија Арачиново со 14, Кожуф има 12…Тоа се и четирите екипи од второлигашката конкуренција кои се уште не знаат за пораз.