Белами: Натпреварот со Македонија е еден од најважните откако сум тука!

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација утре од 20:45 часот во Кардиф го одигрува клучниот меч против Велс, последен во квалификацискиот циклус за Светското првенство. Двете селекции влегуваат во дуелот желба да ја обезбедат втората позиција во групата, која носи поддобра позиција во ждрепката за баражот.

Спореед селекторот на Велс, Крег Белами, Велс има предност затоа што игра дома.

„Секако дека ја посакуваме втората позиција, одиме натпревар по натпревар. Убаво е кога натпреварот има тежина и овој е еден од поважните откако сум тука. Секогаш е голема предноста кога играме на домашен терен, знаеме дека мораме да победиме, но мора да сме и трпеливи“.

Зборуваше Белами и за играта на Македонија.

„Македонија е репрезентација која се брани длабокo, им одговар да немаат посед и многу се добри во контра нападите“.

Македонија во Кардиф ќе брка резултат кој ја задржува на второто место, а за тоа ќе биде доволно и реми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×