Селекторот на Велс, славниот Крег Белами вели дека Македонија ќе биде сериозен предизвик за неговата селекција во квалификациите за Светското првенство.
Македонија денеска ги доби противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, ќе играме со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.
Велс беше извлечен од вториот шешир, тоа е селекција која котира подобро од нас, но и тие и ние знаеме дека тоа ќе бидат рамноправни дуели за бодови.
„Добивме интересна група и задоволен сум од ждребката бидејќи можевме да добиеме и потешки противници. Сигурен сум дека имаме простор за надигрување. Белгија секако е фаворит, а натпреварите со Македонија ќе бидат предизвик за нас. Нема да бидт лесни ниту гостувањата во Лихтенштајн и Казахстан, меѓутоа имаме квалитет да се вратиме дома со бодови“, изјави Белами.