Белами: Македонија има среќа што не загуби досега во циклусот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија на 18 ноември ќе го одигра клучниот натпревар во Кардиф против Велс во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Пред мечот, селекторот на Велс, Крег Белами, испрати порака во која оцени дека Македонија досега имала доста среќа во квалификацискиот циклус.

Треба да победиме двапати. Очекуваме да го победиме Лихтенштајн и нема да се срамам да го кажам тоа. Со Македонија ќе биде поинаков натпревар, но чувствувам дека имаа среќа што не загубија досега. Верувам дека тоа ќе бидат натпревари во кои ќе имаме многу посед на топката и тоа ќе ни донесе да создаваме шанси“, изјави Белами.

Селекторот потврди и дека нема да може да смета на еден од клучните фудбалери, Арон Ремзи, кој е надвор од строј поради повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×