Бекот за кој Гвардиола е подготвен да го урне трансфер рекордот

by bojan
1 минути читање
Гвардиола против Ливерпул го има натпреварот број 1.000 како тренер

Неколку извори од „островото“ објавија дека Манчестер Сити е подготвен да плати 70 милиони фунти за ангажман на Тино Ливраменто од Њукасл, ова е рекордна сума кога станува збор за трансфер на бек.

„Граѓаните“ во последните неколку години се мачат на десната бековска позиција, Пеп Гвардиола експериментира со неколку имиња, работите не одат според планот, па стратегот инсистира на ангажман на нов фудбалер.

Последните информации велат дека Манчестер Сити нема да штеди за да му ја исполни желбата на тренерот и да го ангажира Тино Ливраменто од Њукасл.

Пеп Гвардиола верува дека 23 годишниот Англичанец е идеален профил кој може да доминира по десната страна во следните 10 години.

Па затоа и Манчестер Сити е подготвен да плати 70 милиони фунти, рекордна сума кога станува збор за трансфер на бек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×