Фудбалерите на Шкендија во последните секунди од натпреварот со Јагјелонија останаа без три бода и ремизираа 1-1.
По натпреварот тренерот, Јетон Беќири не криеше дека се разочарани поради загубените два бода.
„Нормално, разочарувањето е големо, секунди не делеа од три бода. Можеби немавме среќа. Можеби требаше да играме поинаку, сега е друго по натпревар. Како и да е мислам дека немавме среќа во тие последни секунди. Во тие моменти не бевме и поставени како што треба, меѓутоа фудбалот е таков. Минатиот натпревар победивме со гол во последната минута, сега загубивме. Но, во овие европски натпревари за нас се треба да биде еден вид на лекција.
„Од денешниот натпревар бев задоволен, можеби во првото полувреме сакав да бидеме повеќе внимателни. Освен ситуацијата во која примивме гол, тие немаа некоја подобра прилика што значи дека добро одработивме, се до тие моменти кога не бевме најдобро поставени“, изјави Беќири.
— goals (@StefanDaskalov5) November 6, 2025
Во следниот натпревар од Конференциската лига, Шкендија ќе игра против Дрита на гостински терен на 27 ноември.
„Тоа ќе биде еден добар натпевар против квалитетни екипи кои добо се познаваат, па така и еден празник на фудбалот“, порача Зекири.