Беќири: Нема потреба да анализирам кога играме на нефудбалски терен!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија славеа со пресврт викендов против Шкупи (1-2) во заостанат меч од ПМФЛ. Средбата се одигра на „Градскиот стадион“ во Струга, а теренот не беше во оптимални услови.

Тоа го посочи и тренерот на тетовчани Јетон Беќири кој кажа дека не може да анализира фудбал, ако не се игра на фудбалски теерн.

Задоволен сум од резултатот и од тоа што го реализиравме она што го замисливме. Но кога мора да играме на терени кои не ги исполнуваат ниту минималните стандарди, јас како тренер морам да се воздржам од анализа. Ќе го почитувам професионализмот на мојата работа и затоа нема да навлегувам во деталите. Ова не е фудбалски терен и надлежните институции мора да преземат одговорност. Не можам да дозволам да зборувам за играта кога најосновниот предуслов за фудбал недостига“, изјави тренерот Беќири.

Шкендија одржа чекор со водечките Вардар и Струга, а тимот од Тетово в среда го игра и заостанатиот меч од осминафиналето на Купот на Македонија против Тиквеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×