Шкендија го загуби големото дерби против Вардар со минимални 0-1 во рамките на десеттото коло од ПМФЛ. Тетовскиот тим имаше свои моменти, но поразот од најголемиот ривал пред своите навивачи остави горчлив вкус.
По натпреварот тренерот Јетон Беќири не го криеше разочарувањето. Според него, токму нефункционалниот напад бил клучната причина за неуспехот.
„Низ целиот натпревар сè одеше против нас. Од промашени шанси, до несреќен пенал… При вакви порази во дерби натпревар одговорноста лежи кај тренерот. Треба да бидеме мирни и да се насочиме кон следниот натпревар. Не го потценивме Вардар. Многу играчи од нашата офанзива се надвор од форма и поради таа причина мора да најдеме начин како да ги надминуваме проблемите во од. Не бевме доволно опасни во напад, а кога ќе се најдевме во чисти шанси не ги користевме. Не ги казнивме ниту грешките на ривалот, а тоа ме загрижува“, изјави Беќири.
По овој триумф Вардар се искачи на врвот на табелата со 24 бодови. Зад него е Струга со 23, додека Силекс ја презеде третата позиција од Шкендија, иако двете екипи имаат по 21 бод.