Беќири: Добро го анализиравме Шелбурн, со помош од публиката сакаме позитивен резултат!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Шкендија ги очекува првиот натпревар на домашен терен во Конференциската лига на УЕФА, а тоа ќе биде дуелот со Шелбурн во Скопје.

Во пресрет на натпреварот на прес-конференцијата зборуваше тренерот на тетовчани Јетон Беќири.

Имавме доволно време за подготовка на овој натпревар. Детално го анализиравме Шелбурн, имаме различни стилови со противникот, па посакувам со добра и паметна игра да дојдеме до победата, а посакуваме и поддршка од публиката. На гости во Ваљекас видовме тим кој игра модерен фудбал, дека не е случајност што Шпанците се секогаш на врвот. Рајо игра врвен и современ фудбал. Се надевам дека научивме од таа средба и искуството ќе ни биде од помош“, изјави Беќири.

Средбата на националната арена „Тодор Проески“ се игра в четврток во терминот од 18:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×