Бекам со специјално барање до Зидан: Те молам победи го Ливерпул, те молам…

by
1 минути читање

Во пресрет на
завршницата од најелитното европско натпреварување, Дејвид Бекам седна на
разговор со својот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој сега е
на кормилото на „Кралевите“.

Французинот иако
нецели три години е тренер на Реал има прилика по трет пат да стигне до
трофејот од Лигата на шампионите и да испише историја. Па Дејвид Бекам му
посака многу среќа на Зизу и испрати специјално барања. Англичанецот замоли
„Кралевите“ да го победат Ливерпул, лутиот ривал на Манчестер јунајтед.

„Да се биде
успешен како играч, и сега да се биде успешен како шеф, како голем шеф тоа е извонредно
– вели Англичанецот. „Само сакам да
му посакам на Зизу, на претседателот и на сите во клубот многу среќа во финалето
од Лигата на шампионите“.

„И те молам
победете го Ливерпул, те молам!

Можно е и ова да ти се допаѓа

×