1,2K
Најславниот сопственик на Интер Мајами, Дејвид Бекам зборуваше за љубовта која Лео Меси ја има кон Барселона.
Бекам го потврди тоа што е познато како став на Меси, по завршувањето на кариерата Аргентинецот сака да живее во Барселона.
„Би сакал Меси да остане да живее во Мајами како фудбалски пензионер, но тој ми рече дека планира да живее блиску до Камп Ноу. Нема играч кој ја сака Барселона повеќе од него. Дури и логото на клубот е му е истетовирано, го има и на неговото шишенце за вода“, вели Бекам.