75
Утре на
програмата на Светското првенство е дуелот помеѓу Шведска и Англија, па Златан
Ибрахимовиќ испрати интересна понуда за опклада до Дејвид Бекам. Легендата на
Англија одговори на предизвикот и веднаш врати со контра предлот.
„Златан
Ибрахимовиќ, ако Шведска победи, јас лично ќе те однесам во Икеа и ќе ти купам
што и да ти треба за новата вила во Лос Анџелес, но кога Англија ќе победи,
сакам да дојдеш со мене на натпревар на Англија на Вембли, да носиш дрес на
Англија и на полувреме да уживаш во риба и помфрит“ – гласеше понудата на
Дејвид Бекам.
„Ибракадабра“
храбро го прифати овој предлог и на Инстаграм стори потврди дека паднал договор
помеѓу двајцата.