Пол Погба е
голема желба на Реал Мадрид, поточно на Зинедин Зидан во неговите планови за
реконструкцијата на тимот предвидена за идната сезона, меѓутоа Кралевите
посакуваат во пакет со понудата за Французинот, на „Олд Трафорд“ да го испратат
и Герет Бејл.
Зидан веќе ставил
јасно дознаење во клубот дека неговиот сонародник би бил идеален за средниот
ред во неговиот тим, но, од друга страна пак се шпекулира дека преговорите одат
по потешкиот пат, поради негативниот одговор од Манчестер јунајтед, кој наводно
не сака да го продаде својот фудбалер.
Агентот на Погба,
Мино Рајола, два пати бил во Манчестер за да разговара со челниците на
Премиерлигашот околу желбата на својот клиент да го напушти Островот, додека
пак, високи челници од Реал Мадрид исто така се обиделе да разговараат со
своите колеги од спротивниот клуб кои одбиле да влезат во преговори.
Очекувањата
се Погба да им се приклучи на своите соиграчи на првиот пресезонски тренинг
идниот петок, кога токму тој период би побарал трансфер.