Бејл, Сначез, Робен… дрим-тимот составен од ѕвезди кои нема да ги гледаме во Русија

by
1 минути читање

Герет Бејл,
Алексис Санчез и Арјен Робен предводат десетина фудбалски ѕвезди кои следното лето нема да ги
гледаме на собирот на најдобрите во Русија.

Од големите имиња
кои ќе го пропуштат Светското првенство може да се состави дрим-тим.

На голот се наоѓа Јан Облак од Атлетико Мадрид, а пред него Антонио Валенсија
од Манчестер јунајтед, Вирџил ван Дијк од Холандија и Давид Алаба од Баерн
Минхен.

Во средниот ред
конкуренцијата е прилично голема, Артуро Видал од Баерн Минхен и Наби Кеита од
Лајпциг се играчите со подефанзивни задачи, а пред нив Герет Бејл од Реал
Мадрид, Алексис Санчес од Арсенал и Арјен Робен од Баерн Минхен.

Нападот го
предводат Един Џеко од Рома и Пјер Емерик Обајанг од Борусија Дортмунд.

И на клупата би
се нашле прилично звучни имиња како Клаудио Браво (Манчестер Сити), Далеј Блинд
(Манчестер јунајтед), Миралем Пјаниќ (Јувентус), Марек Хамшик (Наполи), Хенрих
Мхитарјан
(Манчестер јунајтед), Кристијан Пулишиќ (Борусија Дортмунд) и Ријад
Марез
(Лестер).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×