„Бејл сакаше да игра на еден начин, Зидан на друг, затоа имаа недоразбирање и со тек на време стана полошо…“

by
1 минути читање

Враќањето на
Зинедин Зидан во Реал Мадрид ќе влијае врз иднината на неколку играчи кои
изминативе месеци беа во втор план. Еден од нив е Герет Бејл, најскапото
засилување во историјата на „кралевите“.

Експертот на Скај
Спортс за случувањата во Шпанија, Гиљем Балаге пренесе дека именувањето на Зизу
за нов тренер се „лоши вести“ за Велшанецот бидејќи Зидан „не сака да работи со
Бејл“
.

Конфликтот помеѓу
двајцата започна пред една година, кога Французинот го изостави Бејл од
старниот состав за првиот меч против ПСЖ во Лигата на шампионите. Велшанецот
беше разочаран, камерите го уловија како се досадува на клупата за резерви, а
по крајот на мечот не го послуша капитенот Рамос, и наместо да ги поздрави
навивачите, со наведната глава се упати во соблекувалната. Тој потоа не беше
стартер ниту на реваншот со ПСЖ, како и на останатите големи мечеви,
вклучувајќи го и финалето од Лигата на шампионите.

Па неговиот
агент, Џонатан Барнет ја прокоментира новонастанатата ситуација на Сантијаго
Бернабеу.

Запрашан дали
Бејл ќе остане во Реал, тој вели: „Да, зошто да не? Во моментов е многу среќен
во Мадрид, сака да остане таму до крајот на кариерата, и доколку ова не е
возможно, ќе седнеме да разговараме“.

„Тој ќе има
средба зо господинот Зидан, ќе видиме што ќе се случи во продолжението од
сезоната и ќе донесеме одлука на лето“.

За конфликтот од
минатата сезона, Бернет додава: „Герет сакаше да игра на еден начин а Зидан
сакаше да игра на друг начин. Тоа беше причината за недоразбирањата и со тек на
време стана полошо“.

„Доколку го
оставите Герет да игра како што сака да игра, да му дадете мечеви во серија,
тој може да биде на нивото на Кристијано Роналдо. Има огромен талент“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×