Герет Бејл нема
намера да си замине од Реал Мадрид на лето, а Велшанецот го информирал клубот
за таа негова одлука преку својот агент, а наводно тој сака да си го одработи
договорот со клубот кој има важност до 2022. година, пишува АС.
Марка во текот на
вчерашниот ден пак извести дека Реал Мадрид нема да смета на Велшанецот за
идната сезона, а наводно тој преку својот агент веќе бил известен за таквите
планови на клубот, меѓутоа, сега, освен што нема ниту една понуда и заинтересираност
за неговите услуги, претседателот на клубот, Флорентино Перез наиде на
веројатно неочекуван проблем, Бејл сака да остане.
Не се исклучува
можноста Кралевите да го пуштат Бејл да замине на позајмица, во ист случај како
со примерот на Хамес Родригез, меѓутоа дали на крајот шпанскиот гигант ќе се
откаже од своите намери да се ослободи од обврските кон него, останува да
видиме во периодот кој претстои.