143
Герет Бејл подобро влезе во оваа сезона за разлика од претходните, а многумина сметаат дека тоа се должи на заминувањето на Роналдо во Јувентус.
„Јасно е дека е малку поразлично кога ќе си замине така голем фудбалер“, вели Бејл.
„Можеби е малку порелаксирано. Мислам дека повеќе се гледа тимски на работите отколку индивидуално“.
Роналдо ја доби наградата од УЕФА за најдобар гол во Лигата на шампионите, Бејл постигна сличен погодок и тоа во финалето, но не беше ниту номиниран.
„Не знам како можеше да не бидам на таа листа! Сакам да знам кои одлучувале за тоа бидејќи треба да бидат отпуштени“.
„Дали мојот гол беше подобар од тој на Роналдо? Не е мое да кажам“.