Герет Бејл важеше за голем играч во Премиерлигата, но на светската фудбалска сцена вистинската промоција ја доживеа во натпреварите против Интер на кои блесна во сиот свој сјај.
Бејл на тие натпревари го направи најважниот пресврт во својата кариера, но ја уништи и кариерата на Маикон кој по тие натпревари се движеше само во надолна форма.
Велшанецот на Џузепе Меаца постигна хет-трик, имаше импресивна партија за која сите зборуваа иако Тотенхем го загуби мечот со 4-3. На реваншот во Северен Лондон победија со 3-1 и го елиминираа Интер.
„Тоа веројатно беше клучната точка во мојата кариера, да бидам искрен. Игравме против бранителот на трофејот од Лигата на шампионите на нивен терен и одиграв многу добро. Тој меч ми овозможи да сфатам дека можам да играм, да бидам конкурентен, да бидам добар против најдобрите. После тој меч, не се вртев назад во минатото, одев само напред“ – се присеќа Бејл.
Потоа следуваше рекорден трансфер во Реал Мадрид со кој се промени и животот на Герет Бејл.
На натпреварот во Лондон, Бејл не постигна гол, но беше еден од најдобрите на теренот, Маикон тоа најдобро го знае.