Батурина пристигна во Италија да го комплетира трансферот во Серија А (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Играчот на Динамо Загреб, Мартин Батурина денеска слета во Италија за да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со Комо.

Динамо Загреб добро ќе заработи од трансферот на Батурина. Комо ќе плати 17 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.

„Многу сум среќен што сум тука, не можам да дочекам да почнам да играм“, беше кратката изјава на Батурина за новинарите кои го пречекаа во Италија.

22-годишниот Батурина како дете почна во младинскиот погон на ФК Сплит, па се пресели во Хајдук. На 14-годишна возраст премина во Динамо Загреб, од 2021 е член на сениорскиот тим на овој клуб, а сега прави мега трансфер во Серија А.

Батурина е офанзивен играч од средниот ред кој може да игра и поповлечено во средината.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×