Батшуаји го спаси Конте од нови нервози, Челси со пресврт до победа над Ватфорд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Сините“ имаа два
порази во серија во Премиерлигата, а попладнево им се насмевнуваше и трет, но
Миши Батшуаји го спаси Конте од нови нервози.

Средбата за Челси добро започна, Педро со фанастичен погодок во 12. минута
донесе 1-0. Фабрегас потоа имаше 100% шанса за 2-0, но откако не реализираше,
гостите казнија со последниот шут во првото полувреме.

Во 47. минута,
Дукуре најдобро се снајде по една мешаница и стрелаше прецизно за 1-1.

На стартот од
вториот дел следуваше нов шок, Переира го матираше Куртоа за предност на гостие
од 1-2. Ватфорд имаше шанси и за два гола предност, па откако гостите не
реализираа, и тие го искусија непишаното фудбалско правило.

Нововлезениот
Батшуаји една нафрлена топка на Педрво во 71. минута ја претвори во 2-2, за
Азпиликета во 87. минута да се најде на право место и да ја затресе мрежата на
Гомез за 3-2.

Точка на
натпреварот стави Батшуаји во 95. минута, напаѓачот одлично се снајде по едно
невнимание на гостинската одбрана.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×