Батшуаи пресреќен, ЕА Спортс му ја исполни желбата и го запраша: Дали овој рејтинг на ФИФА 18 сега е фер? (ФОТО)

by
2 минути читање

Напаѓачот на англискиот првак Челси, Мишу Батшуаи имаше
конверзација на социјалните мрежи со ЕА Спортс околу неговите оценки во
најновото издание на ФИФА 18.

По една седмица, откако започна нивната конверзација во однос на неговиот рејтинг,
Белгиецот доби се чини фер оценки кои ќе ги задоволи неговите барања, а
очигледно дека тој е стравствен гејмер на мегапопуларната симулаторска игра.

По хет-трикот на Батшуаи против Нотингем Форест (5-1) во
третата рунда натпревари од англискиот Лига Куп, тој запраша дали сега може да
разговара со ЕА Спорт, по што овие му одговорија со нови рејтинзи и притоа го
запрашаа дали е сега фер за него.

Белгиецот на ова одговори пресреќно, а притоа запраша
дали може да добие неколку копии од произведувачот за неговите следбеници на
социјалните мрежи.

Пред само една седмица, Батшуаи побара објаснување од ЕА
Спортс за неговиот рејтинг, кој не ги задоволи неговите очекувања, а доби
одговор –
Постигнувај
голови и ќе разговараме…
, тој веднаш возврати со погодоци а се чини дека тоа за
него е дополнителна мотивација на терените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани