Батшуаи доминира на твитер, пушта шеги на своја сметка (ВИДЕО + ФОТО)

by
1 минути читање

Батшуаи не даде гол против Англија, но имаше потег кој го освои интернетот. По голот на Јанузај, ја зема топката, ја шутна силно, таа удри во стативата и му се врати во глава.

Брзо откако заврши натпреварот Батушуаи кој е многу активен на твитер, се пошегува на своја сметка.

Во првиот твит го објави видеото и напиша: „Фортнајт прославите се многу преценети брат, морав да пробам нешто ново“.

Во вториот твит во кој објави фотографија пред да ја шутне топката, напиша: „Секунда пред да дознаам дека се заебав“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани