Батистута отворено за првиот гол против Фиорентина: Солзите доволно говорат… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

50 годишниот
Габриел Батистута говореше пред насобраните новинари на пресконференцијата за
време на филмскиот фестивал во Рома, каде го презентираше неговиот нов фил „Ел
Нумеро 9“, една тема посебно допре до него.

Кога почнав, не
знаев многу, само знаев да шутирам, ништо повеќе од тоа, меѓутоа работев
напорно, си поставив цел и тргнав кон тоа да ја реализирам, почнав на 18 години
и постојано ги следев моите соиграчи кои тренираа пред мене…
“ рече Батистута.

Бев една
нормална особа, меѓутоа никој не ме гледаше како шампион, како Меси, Кристијано
Роналдо или Марадона, тие секогаш знаеа како да играат, јас морав да учам, јас
сум една нормална и едноставна особа, затоа навивачите секогаш ме сакаа
“ додаде
Аргентинецот а притоа се надоврза и на неговата преселба од Фиорентина во Рома.

Секогаш бев
транспарентен со луѓето, им реков на навивачите дека ќе заминам во Рома, тие ме
разбраа доста коректно, мојата љубов кон тој клуб не престана, се претставив
како професионалец, кога играв за Рома изгледаше како да сум роден таму
“ додаде
тој, а потоа го коментираше првиот гол за Рома против Фиорентина.

Солзите доволно
говорат за тоа дека дадов се
што е можно, во тој период морав да го покажам најдоброто во Рома, јас бев
како вработен таму
“ заклучи Батистута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×