Башкими сигурно во Прилеп до осминафинале во Купот на Македонија

by 24 фудбал
0 минути читање

Башкими е новиот осминафиналист во Купот на Македонија, откако победи на гости кај Победа во Прилеп со убедливи 0-4.

Кумановскиот прволигаш го потврди фаворитскиот статус, го надигра ривалот и се пласира понатаму. Стрелци за Башкими во Прилеп беа Хаџиќ, Мемети, Мислими и Аворнио.

Досега се познати 13 учесници на осминафиналето, каде што директно како финалисти се пласираа Вардар и Струга.

Освен нив преку првото коло до осминафинале дојдоа Беласица, Пелистер, Работнички, Македонија ЃП, Силекс, Новаци, Охрид, Детонит, Брегалница и Шкендија Арачиново.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×