На денешниот натпревар помеѓу Башкими и Вардар во второто полувреме дојде до инцидент во кој навивач на домашниот состав падна од трибините, а по средбата кумановскиот состав се огласи со соопштение на социјалните мрежи.
Станувало збор за дете од кое Башкими објави и фотографии објаснувајќи дека за среќа се наоѓа во добра здравствена состојба и без посериозни повреди.
Детето по падот веднаш беше пренесено во болницата.
„За време на денешниот натпревар против Вардар се случи инцидент со еден од нашите најмлади навивачи, Ноар. За среќа, по итната интервенција на родителите и медицинскиот тим, неговата здравствена состојба е одлична и надвор од секоја опасност. Ноар е во добра состојба и добива целосна неопходна грижа. Им благодариме на сите кои изразија загриженост и солидарност“, објави Башкими.