Башкими го промовира најголемото засилување ова лето!

by 24 фудбал
1 минути читање

Башкими продолжува да се засилува пред кам-бекот во ПМФЛ, а најново име во тимот е офанзивецот Огузан Ајдоган. 28-годишниот германски интернационалец со турско потекло доаѓа од редовите на Гостивар, каде минатата сезона одигра 28 натпревари во Првата македонска лига и постигна пет погодоци.

Ајдоган има искуство и од настапи во Турција и Германија, играјќи за екипите на Алеманија Ахен, Карлсруе, како и два клуба од турската лига.

Тој е најновото име во низата засилувања на Башкими, кој претходно ги претстави Филип Купанов, Фљамур Џелили, Фарук Бихорац и нигерискиот напаѓач Иса Адекунле. Кумановскиот тим со овие потези најавува дека нема намера само да учествува во ПМФЛ, туку и да биде конкурентен уште од првата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×