Бартомеу закажал лет за Амстердам да го убедува Де Лихт, Рајола го оладил пред да отпатува

by
1 минути читање

Матајс де Лихт се очекува оваа недела да потпише за Јувентус, „старата дама“ ја доби битката откако му ги задоволи барањата од 12 милиони евра по сезона како и во договорот да има откупна клаузула од 150 милиони евра.

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Барселона сакала во последен момент да и ги помати сметките на „Старата дама“ и Жозеп Мариа Бартомеу бил подготвен лично да отпатува во Амстердам, да направи последен напор за да го убеди дефанзивецот дека Камп Ноу е најдобра дестинација за него.

Весникот пишува дека Матајс де Лихт, и покрај тоа што е на чекор до Јувентус, му кажал на Бартомеу дека е подготвен да слушне што има да каже. Но тој сакал Мино Рајола да биде запознаен со се, и состанокот да биде закажен преку контроверзниот агент.

Бартомеу бил свесен дека тешко ќе се разбере со Мино Рајола но и покрај тоа подигнал слушалка и го побарал. Агентот на Де Лихт немал ништо против да се сретнат, но за да седнат на маса побарал доказ дека Барселона е подготвена да ги изедначи условите кои веќе се договорени со Јувентус а тоа е провизија од 10 милиони евра за него и плата за дефанзивецот од 12 милиони евра.

Без разлика колку добар и перспективен е Матајс де Лихт, Бартомеу смета дека Холанѓанецот не може да заработува толку многу на Камп Ноу, па му се заблагодарил на Рајола и му кажал дека чим е таква работата, нема потреба да се сретнат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×