Бартомеу смирува: Таткото на Меси веќе го потпиша договорот и тој е валиден!

by
1 минути читање

Лионел Меси се уште не потпишал нов договор со Барселона па се појавуваат шпекулации и за негово можно заминување од клубот.

Запрашан дали е загрижен што Меси се уште нема ставено потпис на документите, Бартомеу вели: 

„Не, сигруно ќе стави. Сакам да објасна дека имаме согласност со него уште од јуни. Има три договори: Еден за фондацијата, еден за имиџ правата и еден работен. Тој за фондацијата е потпишан од директорот, односно неговиот татко, и од неговиот брат. Договорот за имиџ права е потпишан од човекот кој е главен на компанијата која се грижи за имиџ правата на играчот. Оној работниот е потпишан од неговиот татко со одобрение на адвокатите. Недостасува само уште протоколен потпис од Лео и фотографија од моментот. Имаме проблем да го договориме овој датум“.

„Договорот е потпишан, и е валиден од јуни, поточно од 30. јуни. Веќе е внесен и сметководствено во билансот за минатата сезона. Нема никаков проблем, се работи само за протокол. Релаксирани сме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани